fbpx

Вистината за активниот живот

0 Comments

Вистината за активниот живот – што значи терминот да бидеш активен

Вистината за активниот живот е дека многу често луѓето го поврзуваат со нешто тешко и страшно.

Луѓето имаат слика дека активниот животен стил подразбира саати поминати во фитнес. Или пак некои екстремни вежби, “офф роуд” велосипедизам, искачување планини, трчање маратони итн. Таа претстава е резултат на многуте вљубеници во спорт и активен животен стил. Благодарение на социјалните медиуми и интернетот промовираат таков живот. Тоа е прекрасно затоа што инспирираат многу луѓе да започнат поквалитетен животен стил. Но, сепак обичниот човек не е заљубен во тоа и веднаш си кажува на себе: “јас нема шанси ова да го правам”.

активен живот

Некои луѓе сметаат дека за да бидеш активен треба да бидеш фит и да имаш six pack (стомачни). Најчесто затоа што на ТВ или ФБ ќе видиме реклама поврзана со активен живот и здравје која има слика на врвно тонирано тело. Доколку си и ти еден од тие на кого му се рушат сите светови кога ќе помисли да биде активен, дозволи ни да ти го промениме мислењето :).

Опасностите на нашиот животен стил

Модерниот свет на технологија и превоз ни го има променето начинот на кој што ние луѓето живееме. Многу луѓе имаат работно место поврзано со целодневно седење, во простор кој е климатизиран без свеж воздух. Најчесто од работа се влегува во кола или автобус, се стигнува во зграда, се користи лифтот. И дома повторно се седи или лежи затоа што сте уморни од работа.

Да бидеш активен не мора да се поврзува со членство во фитнес центар или некаква дисциплина.

Најди го сопственото “активен”

Вистината за активниот живот е дека доколку не седиш или лежиш, ти си активен/на. Макар и тоа да биде и некоја домашна работа во домаќинство или гаража. Согоруваш калории.

Наоѓање на соодветната активност за твоето тело е најдобриот совет што можам да го дадам од мене. Зголемување на нивото на твојата активност може да биде едноставно како попладневна прошетка или драматична како спремање за маратон :). Еднаш кога ќе се обврзеш, твоето тело на неделно ниво ќе почнува да се адаптира на интензитетот на вежбање и погоди што потоа? Ќе се инспирираш за да одиш на следно ниво…

Избери си сам од каде ќе почнеш и што ќе правиш, симни ја нашата апликација од Google Play или App Store и најди дисциплина или место што ќе биде за тебе. Повеќе за нашите услуги и чланарини можеш да прочиташ на овој линк.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *