fbpx

Придобивки од јога

0 Comments

Дали ми треба, придобивки од јога и од каде да почнам

Единствено доколку не постои медицински проблем или некаква посериозна повреда придобивки од јога се неизбежни. Прашањето дали ти треба не мора повеќе да си го поставуваш. Можеби не ти треба, но дефинитивно ќе ти стане потреба. Пробај и ќе ги дознаеш и искусиш бенефитите и ефектите од практикување на оваа дисциплина.

Многу луѓе сметаат дека за да бидеш активен треба да практикуваш “сериозна” дисциплина. Сепак тоа се коментари на луѓе кои никогаш не пробале еден тренинг и не знаат за придобивки од јога.

Јогата е древна форма на вежбање што се практикува низ светот, а докажано e дека ја подобрува општата здравствена состојба. Еден типичен час по јога значи глатка транзиција низ вежбите/ставовите што ја подобруваат флексибилноста и силата, со фокус на дишењето и духовното. Смирувањето на мозокот ќе биде честа тема на дискусија од страна на инструкторот во текот на часот.

Од каде да почнеш

Брзината, видот и фокусот на вежбите ќе зависи од стилот на јога што ќе го изберете, така што подеднакво ќе можат да уживаат и почетниците, како и поискусните јогини. Хата јогата е побавна (идеална за почетници). Има вежби во кои ја задржувате истата положба неколку здивови. Вињаса е подинамична јога што го усогласува дишењето со движењата во побрз ритам. Ако бараш комплетно смирени придобивки од јога, тогаш пробајте ја јин јогата. Тоа се часови што се фокусираат на смирено доведување во рамнотежа на умот и телото,

Секој став се задржува неколку минути, а медитативната и рекуперативната компонента ви помагаат да се истегнете и да се релаксирате. Често вежбите се исти низ сите видови јога. Кои вежби ќе ги практикувате и редоследот по кој ги правите се разликува од час до час и од учител до учител.

Единствениот исклучок е бикрам јогата. Ние не сме ја сретнале како опција кај нас во државава. Се вежба во соба или студио на 40 °C, а на сите бикрам часови се изведува истата 90-минутна секвенца. 26 јога вежби, што значи дека знаете што да очекувате секогаш кога ќе ја постелите вашата подлога за јога. Топлината ја прави оваа форма на јога доста интензивна. Притоа мора да пиете многу вода и да се одмарате кога тоа ви е потребно.

Топлата јога исто така се вежба во загреана просторија, но се разликува од бикрам јогата по тоа што секвенците не се ограничени на 26 пози.

Која е најдобар тип

Сепак не постои најдобар тип на јога. Ти треба да го најдеш најдобриот за себе, а доколку не знаеш од каде да почнеш најдобро е да се обратиш во некои од студијата во Скопје и ќе ти помогнат инструкторите. Наша препорака е Inside Yoga со 2 локации во Центар.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *