fbpx

Вежбање секој ден?

0 Comments

Дали е правилно и здраво вежбање секој ден?

Вежбање секој ден воопшто не е лошо, но лошо е ако интензитетот е огормен секој ден. Имање некоја форма на физичка активност секој ден е паметно кога се обидувате да ја намалите телесната тежина. Но, ако сакате да изгубите масти не важи истото правило. Повторување на истите вежби, истиот интензитет или траење од ден за ден нема да функционира. Зошто? Одговорот е лесен, вашето тело се прилагодува на дневниот обем на работа.

И многу важно. Доколку си под огромен ентузијазам или паника за твојот изглед. Немој да посегнуваш по 2 тренинга или пак да се забораваш по 2 и 3 часа на вежбање :). За ова повеќе ќе ти каже Адам од фитнес центарот Атлета.

Како да ја поправите оваа грешка

Направете распоред за вежбање кој вклучува различни активности. Или расподед на различни степени на интензитет и различни должини на сесија. На пример, ако вообичаено пешачите по 40 минути дневно, ставете ја таа активност на вашиот распоред 2 или 3 пати неделно. Но, како дополнителен предизвик, вметнете ден во неделата каде што ќе пешачите и по 60 до 80 минути.

Во останатите денови, ако сте доволно здрави за енергична активност, додадете HIIT тренинзи. За нив е докажано дека се ефикасни при горење на маснотии. Со инкорпорирање на различни вежби во вашиот распоред, ја зголемувате веројатноста за губење масти.

Зошто постои ова правило

Во принцип нашето тело после секој физички напор инвестира време и енергија да се регенерира. Тука најголем товар и промени трпат мускулите, коските, кардиоваскуларниот и респираторниот систем. Ја користат храната како градежен материјал за да ги обноват и поправат оштетените мускулни влакна и клетки.

Најголемата регенерација се случува навечер додека спиеме. Но, сепак доколку телото се изложува на екстремен напор и висок интензитет на вежби тоа не е доволно. Просечниот човек има уште многу други обврски и активности во текот на денот. За разлика од професионалните спортисти. Тие живеат од спорт и имаат можност повеќе пати да одмараат во текот на денот.

Затоа доколку си просечен човек заклучокот за тебе е дека вежбање секој ден не е воопшто штетно. Единствено што ти треба е да одвоиш 1 или 2 дена во неделата каде што ќе имаш помал интензитет.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *