fbpx

Вежбање или физички фитнес

0 Comments

Вежбање или физички фитнес – која е разликата помеѓу овие два термина

Едноставно кажано, вежбање или физички фитнес е секое движење на телото при кое настанува мускулна контракција. Сите активности што ги правиме во текот на денот со движења, како што се: пешачење, кревање, чистење и работа во дворот, се примери за физичка активност. Најголем дел од луѓето прават најмалку по неколку физички активности секој ден. Притоа не се свесни за тоа. На пример, кога стоите и готвите. Или кога излегувате од дома за да завршите работа до било која институција. Со тоа правите основни движења.

Можеби ќе ви биде интересно да размислите за физичките активности што ги правите секој ден без да сте свесни за тоа. Ќе бидете изненадени од тоа колку е долг или краток списокот со активности.

Вежбање

Вежбањето е посебен вид физичка активност за која имате план, намера. Истата ја правите за да постигнете одредени промени на телото, како што се: зајакнување на мускулите, зголемување на флексибилноста или подобрување на кардиоваскуларната функција. Примери за вежбање се: танцување, пливање, возење велосипед и трчање.

Дали вежбате или сте активни?

Тенка е линијата меѓу овие две активности. Затоа најдобриот начин да одредите дали сте само активни или вежбате е да го направите тестот со зборување.

  • Ако можете да зборувате додека ја правите активноста, само сте активни, па макар и да сте во сала на вежбање 🙂
  • Ако ви застанува здивот и ви е тешко да зборувате, тогаш вежбате.

Интензитетот на активноста што ја правите ги одредува корисните ефекти за здравјето што ќе ги имате од активноста.

Обрнете внимание на четирите компоненти на физичкиот фитнес и ќе сфатите зошто вежбањето е исто толку важно колку што е важно да бидете активни:

  • Кардио-респираторна издржливост
  • Мускулна сила
  • Мускулна издржливост
  • Флексибилност

И покрај тоа што може да ги постигнете сите овие фитнес компоненти ако сте физички активни, сепак може да имате поголеми корисни ефекти ако следите програма со вежби.

Како да почнете редовно да вежбате

Дали е вежбање или физички фитнес активноста секој ден, тоа е совршен начин да почнете да одите по патеката што ќе ве направи поздрав, посреќен и поенергичен човек. Но, ако сакате да си го подобрите фитнес нивото, тогаш треба во распоредот да си додадете поинтензивни активности неколку дена во неделата.

Клучот како да водите здрав, активен начин на живот е да почнете постепено и да ги зголемувате активностите секој ден. И обидете се да изберете активности во кои многу уживате. Со тек на време може да го зголемите интензитетот или времетраењето. Запомнете дека вашето тело е уникатно и ако сфатите кои се вашите здравствени потреби (а не потребите на соседот), тоа ќе ве одржува во форма да водите здрав начин на живот.

Извор

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *