fbpx

Вежби во вода

0 Comments

Вежби во вода – не само седење во вода

Периодов или си на одмор или размислуваш да споиш викенд, но не знам дали размислуваш за вежби во вода :). Важно ти е само да избегаш на некоја дестинација покрај вода. Еден од стравовите со кои се соочуваат многу луѓе е дали ќе го прекинат континуитетот на вежбање. Или дали ќе се вратат поправени поради тоа што сите се опуштаме и “бегаме” од здравиот и активен начин на живеење. Доколку и воопшто го имаме се’ разбира :). Еве што можеме ние да те советуваме со цел да избегнеш качување на некое килце. И секако да не го загубиш континуитетот кој што веќе си го создал.

Paddleboarding (на македонски не знаеме превод но се рачуна во вежби во вода 🙂 )

Стоечки paddle boarding е еден од најбрзо растечките спортови на вода во светот. Комбинација помеѓу сурфање и кајак што привелкува многу луѓе поради можноста да работат сите мускулни групи. Зајакнува јадро и стомак, подобрува кардио фитнес, баланс и флексибилност. Притоа нема никакво оптеретување и е забавно. Нема ограничување за возраста. Нема ограничување за водената површина. Одлично за луѓе што немаат трпение да лежат и да се сончаат, а сепак сакаат да фатат боја.

Аква аеробик

Практикување вежби во вода е одличен начин да се искористи отпорот од водата за да ги зајакнуваш мускулите и твојот кардио фитнес. Не мора да посетуваш час за да го направиш ова. Единствено ти треба вода покрај тебе. Биди креативен и експериментирај со движења во кои ќе осеќаш отпор. Или искористи го youtube и најди си вежби во вода.

Пливање

Пливањето дефинитивно е најдоброто нешто за да ти го подобри нивото на аеробен фитнес. Во превод тоа значи дека белите дробови и срцето добиваат сосема нов и различен начин и шаблон на дишење. Mораат брзо да реагираат и да се адаптираат. На тој начин ги форсираш да го користат кислородот многу порационално и ефективно. Од друга страна ако веќе си имал активен живот во континуитет, ова ќе биде шанса да ги опуштиш колената и зглобовите кои доживувале голем стрес за време на вежбање.

И секако не мора да бидеш на одмор или викенд за да ги искористиш вежбите во вода. Нека ти биде водата дополнителна средина за вежбање на она што веќе го правиш.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *