fbpx

Прирачник за медитација

0 Comments

Прирачник за медитација – бетство од хаотичниот живот

Доколку се двоумиш дали можеш или не можеш, прочитај го овој прирачник за медитација. Едноставни работи што треба и не треба да се прават во медитација.

Don’ts

Не мислете дека ви треба потполно тивко и мирно место за да медитирате. Во реалниот свет, а особено во дом со деца или во канцеларија, речиси е невозможно да биде ,целосна тишина. Не убедувајте се себеси дека ви треба специјална опрема како што се подлога, ѕвончиња или прекривки за јога, зашто може да медитирате секаде.

Ако се навикнете на помалку опрема, ќе ви биде полесно најдете малку време за медитирање. Не форсирајте се да почнете да дишете на некој одреден начин, на пример дишење од дијафрагма или дишење преку нос. Тоа може уште на почетокот да ве обесхрабри или да ве зашемети.

Првин научете да се чувствувате удобно додека медитирате, па потоа ќе работите и на техниката за дишење. Не почнувајте да мислите на негативни работи кога ќе ви текне на списокот за на пазар или списокот на тоа што треба да го сработите денеска. Не правете долги списоци со афирмации или со цели на кои ќе мислите или ќе ги кажувате на глас.

Do’s

Обидете се да се оддалечите од сите поголеми работи што ви го одвлекуваат вниманието како што се телефони, компјутерски екрани и многу гласни простори. Едноставно, тргнете се подалеку од екранот.

Ако сте дома, затворете ја вратата од спалната. Обидете се да седнете или да легнете на удобно место каде што се чувствувате релаксирано. Очите може да ви бидат и отворени, и затворени, направете како што ви одговара. Фокусирајте се на дишењето. Почувствувајте како воздухот влегува и излегува од телото.

Едноставно, бидете свесни за дишењето и за тоа како се чувствувате. Ако повторно помисливте на списокот за пазарување, вратете го фокусот на дишењето. Смислете си еден или два клучни збора што ви помагаат да се релаксирате или ве водат кон позитивно чувство на благосостојба. Поставете си цел да најдете 20 минути што ќе ги поминете во тишина, еднаш до двапати дневно.

Не заборавајте дека медитацијата се смета за вежбање, исто како и јогата. Да, тоа значи дека треба подолго време да вежбате за целосно да ги почувствувате смирувачките ефекти.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *