fbpx

Фамилијарно вежбање

0 Comments

Фамилијарно вежбање – како да ги инспирираш домашните

Не постои подобро време и сезона од ова сега, за да ги поттикнеш твоите деца и фамилија фамилијарно вежбање. Можеби бараш начини како твоите најмили да прават паметни и здрави избори во животот. Еве 6 идеи и совети како можеш да почнеш.

Консултирај се со лекарот на твоето дете

Секоја возраст си има свои предности и недостатоци. Затоа прво консултирај се со лекарот за моменталната состојба на твоето дете. Дознај прво за кој тип на активност е најсоодветна за таа возраст. Ова е особено важно доколку до сега сте немале никаква физичка активност. Градацијата и постепено зголемување на напорот се најдобар начин да се избегне повреда и оштетување на некој од системите во развој.

Креирај рутина

Најдобриот начин за инволвирање на твојата фамилија и деца во активност е истото да не изгледа како задолжение, туку како забава. За почеток можеш да поставиш 2 дена во неделата во кои ќе одите до одредена локација. Доволно е да бара пешачење или возење точак. Уште подобро е кога имаш можност тој избор да биде на планина и во природа. Децата и секој од нас почнува да го засакува чувството за припадност и семејство кога е во природа и исклучен од се’ и секого.

Вклучи ја технологијата

Ако размслуваш дека зависноста од технологија и уреди за твоите деца ќе им ја замениш со физичка активност, тогаш воопшто не ни почнувај да ги убедуваш. Нема да ти успее. Потруди се да пребараш некакви апликации со игри или апликации за танцување, па втурни ги во акција.

Врати се во твоето детство

Сигурно ќе ти текне на некоја игра од маало после која си одел дома насмеан и преморен. Епа сега можеби е време да се вратиш во тоа време, но овој пат другарчињата си ги имаш дома :).

Биди паметен за вежбање со тежини

Постојат многу мислења и дебати околу тоа дали треба децата да креваат тежини. Тоа најчесто е само изговор затоа што и покрај многуте докази дека процесирана храна, брза храна, сокови, грицки и благо не се здрави, сеуште родителите ги трупаат децата со такви производи со фразата: “само нека е здраво и живо и нека јаде”. Се разбира дека прво е најдобро да се консултираш со докторот, но вежбите со сопствени тежини луѓето и децата ги имаат уште од самото раѓање.

Биди примерот

Се’ ова погоре најверојатно ќе пропадне доколку тебе те мрзи да го мрднеш задникот :). Најдобриот подарок и наследство што може еден родител да го даде за децата е добриот пример. Затоа не биди мрзелив да бидеш виден како вежбаш дома или се враќаш од вежбање од твојата омилена локација. Иако можеби нема да бидеш следен од твоите деца особено доколку се тинејџери. Не заборавај дека тоа ќе се појави и во нивните навики порано или подоцна. Затоа ако сакаш да наметнеш фамилијарно вежбање, здравиот и активен живот пред се’ нека биде твој избор.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *