fbpx

Тренинг за сила

0 Comments

Тренинг за сила – направи си сам/а

Ако гледаме историски тренинг за сила постои уште многу пред да се појават комерцијалните справи за вежбање. Во посовремените и поразвиените општества постоеле натпревари за сила и издржливост. Силните и фит мажи и жени користеле дрва, камења, алати и машини за обработка на земја. Се’ со цел да ја подобруваат својата физичка спремност и мускулатура. Дали можеби сакаш да ги избегнеш затворените простории и “fancy” моментот? Тогаш и ти можеш да импровизираш со цел да останеш фит и силен/на.

Станувањето фит и активен е уште подобро кога ќе биде забавно. Дисциплината треба да биде атрактивна и возбудлива за тебе со што би останал доследен и не би се откажал. Можеш да користиш макар и урбана опрема во парковите близу тебе за да бидеш активен. Да не зборуваме дека денес и се почесто се градат фитнес паркови и сали кои се’ повеќе како дел од опремата имаат едноставни и основни справи за вежбање.

Еве неколку начини за ‘органско’ збогатување на твојот активен живот дури и во удобноста на твојот дом.

Користи шишиња и туби за вода, метлни профили и јажиња.

Садови за вода како стандардни шишиња, туби од по 8–10 литри или пак канистери што се’ користат во канцелариите. Тие може да бидат одлична импровизација на справи. Можеш да правиш вежби за бицепс, чучнувања, исчекор, мртво дигање, вежби за рамо итн. Има уште едно нешто што може да го направиш со помош на твојот татко, дедо или мајстор. Тоа е вратило во твојата соба или на касата од вратата.

Истото ќе ти помогне за различни вежби за грб и стомак. Јаже, кое се почесто го има во салите и фитнес центрите е исто така и опција која можеш да ја имаш дома. Не мора тоа да биде професионално затоа што и чини повеќе пари. Пробај најди на локалниот пазар занаетчија што изработува јажиња и разговарај да ти го направи најдебелото можно (покажи му слики). Истото ќе можеш да го користиш за десетици типови на тренинг за сила, особено за горниот дел од телото и јадрото.

Користи дрва и гуми

За ова ќе треба да излезеш од дома. Можеби не живееш во услови каде што користиш огревно дрво, но сигурно постои некоја поблиска локација до која ќе трчаш или ќе возиш точак, а потоа ќе исцепиш некој кубик дрва :D. Иако се поретко тоа е возможна опција, сепак опцијата да најдеш искористени гуми од трактор, камион или кола е достапна опција. Постојат стотици видеа кои ќе ги најдеш на YouTube со вежби со големи гуми или полигони од помалу гуми за кардио вежби и вежби за координација. Или пак погледни ги нашите #Вежбам видеа.

Секогаш труди се да не одиш во непознати и преамбициозни зони. Користи алатки и импровизирај со вежби и движења кои се безбедни за тебе и кои нема да ти нанесат болка или повреда.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *