fbpx

Надмини го стравот од вежбање

0 Comments

Надмини го стравот од вежбање – 3 чекори до слобода

Доколку зборуваш со спортист и му кажеш надмини го стравот од вежбање ќе ти се насмевне. Спортистите не само што се ослободуваат од стравот, туку и го контролираат за да им помогне да успеат. Ова може да им звучи чудно на некои читатели, но мислам дека ќе сфатите ако го погледнеме стравот одблизу.

Стравот е чувство што поттикнува ослободување на поголема количина адреналин во крвотокот. За да се заштитиме, се активира механизмот „бори се или бегај“ [fight or flight mechanism] и телото се подготвува за акција. Во спортот и во други средини со натпреварувачки дух, изливот на адреналин не се создава поради стравот од опасност туку поради измешани чувства на очекување и возбуда. Спортистите секој ден вежбаат како да се справат со овие емоции на позитивен начин за да им помогнат во подобрување на перформансите.

Ако се прашувате зошто треба да го знаете ова и како може да ви помогне да ги постигнете целите, дозволете ми да ви објаснам. Ако сте подготвени и ако имате план за дејствување, тоа ќе ви помогне да го извежбате умот да ги надмине сите негативни емоции што ви стојат на патот, а не мора да сте спортист за да ги користите техниките за вежбање на умот.

КАКО ДА ГО ИСКОРИСТИТЕ СТРАВОТ ЗА ДА СЕ ДОБЛИЖИТЕ ДО СВОИТЕ ЦЕЛИ

Не мора да се соочиме со стравот со залет. Секој ден наидуваме на нешта што ги сакаме, но не ги правиме затоа што чувствуваме преголем страв од неуспех. Луѓето често се загрижени и исплашени ако треба да направат промени во начинот на живот. Особено промени поврзани со намалување на телесната тежина или со здравствените цели.

Стравот од неуспех или стравот од непознатото често може да ги одврати од намерата да пробаат нешто ново. Пробајте ги овие три едноставни совети за надминување на стравот. Ќе ви помогнат да се ослободите од сите негативни емоции и да ги насочите кон успех.

1. Проценете го стравот

Направете си листа на најлоши работи што може да се случат ако не успеете. Со ова често ќе ги имате работите предвид и ќе сфатите дека треба само да го почнете патувањето. Со толку многу мисли во умот, работите ќе ви изгледаат полошо отколку што навистина се. Може сме виновни затоа што имаме многу бујна имагинација. Сепак ако си ги напишете стравовите, тоа ќе ви помогне да ги процените ако воопшто постојат.

2. Дефинирајте си ја целта

Напишете си ги целите. На пример напиши надмини го стравот од вежбање. Притоа обидете се да ја користите рамката за поставување цели S.M.A R.T [S.M.A R.T goal setting framework]. Ако имате јасна одредница и временска рамка на ум, тоа ќе ви помогне во деновите кога ќе сакате да се откажете. Чувството дека ја немате контролата може да ви предизвика негативни емоции. Верувам дека ако јасно си ја поставите целта, тоа ќе ви овозможи да имате целосна контрола над успехот.

3. Вежбајте како да бидете позитивни

Напишете си позитивна мисла и повторувајте си ја секој ден. Колку повеќе си кажувате сами на себе дека може да успеете, толку повеќе ќе верувате дека тоа е вистина. Еве еден пример од дневник за вежбање: „Јас сум силен/а, моќен/а и роден/а да се вежбам на секојдневно ниво“.

Или една мисла ако се обидуваш да го намалиш вишокот телесната тежина : „Ќе си го вратам телото во форма како што ми беше, силен/на сум и фокусиран/а“. Ако имате позитивни мисли, тоа може ве поттикне да го продолжите вашето патување кон добро здравје.

Многу спортисти ќе ви кажат надмини го стравот од вежбање преку психичката страна на вежбањето. Таа е поважна од физичкиот аспект. Ќе ти кажат и дека самодовербата е една од клучните работи за да си ги остварите соништата. Можеби во текот на годините постојано тргате во акција да ги остварите своите цели. Многу често во поглед на намалување на телесната тежина и здравјето, а потоа престанувате, тогаш може ќе постигнете резултати ако пробате нов позитивен психички пристап. Обидете се да не му дозволите на чувството за неуспех да ви застане на патот до успехот. Подобро е да се обидете и да не успеете отколку воопшто да не се обидете.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *