fbpx

Табата тренинг

0 Comments

Табата тренинг – подигвни го твоето фитнес ниво

Табата тренинг и начинот на вежбање бара да вежбаш на едно повисоко и поспремно ниво. Имаш определено време во кое што треба да завршиш одреден сет на вежби и серии. Причината поради тоа што е популарен и омилен кај се’ повеќе луѓе е тоа што поттикнува максимален напор во најкраток можен период. Од една страна го вади твојот маскимум, а од друга страна ти дава претстава дека трошиш малку време за да го штиклираш делот вежбање во твојот ден.

Како изгледа

Табата тренингот се состои од протокол од високо интензивни вежби. Оваа рутина побарува да вметнеш интензивни серии со периоди на одмор. Стандардната табата вклучува 20 секунди вежбање и 10 секунди одмор. Ова се повторува континуирано 8 пати за секоја вежба од дадениот тренинг. Традиционалната табата се состои од 4 вежби, што го прави твоето вежбање да се мери во минути.

Иако е прилично интензивно, сепак 4–5 минути вежбање не ги задоволува и не ги прави среќни повеќето луѓе, затоа се повеќе ќе видите или можеби ќе присуствувате на тренинзи каде што табата вежбањето трае 20 минути. Сето ова знае да биде исклучително тешко затоа што се вклучуваат различни вежби кои ги вклучуваат сите мускулни групи.

Ако сакаш да пробаш како тоа изгледа во реалност пријави се на некој од функционалните тренинзи во група, но доколку си на почеток во твојата вежбачка кариера приклучи се во некоја почетничка група или почни со друга дисциплина пред да се приклучиш на овој напреден начин на вежбање. Во прилог ти даваме наш предлог што можеш да го испробаш на твојата омилена локација за вежбање или дома.

Leg and Glute Blast Tabata

Exercise 1: Squat — 20 seconds
Rest: 10 seconds
Exercise 2: Right leg reverse lunge to knee drive — 20 seconds
Rest: 10 seconds
Exercise 3: Left leg reverse lunge to knee drive — 20 seconds
Exercise 4: Alternating lateral lunge — 20 seconds
Ако не си сигурен за терминологијата провери на овде.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *