fbpx

Правилно вежбање

0 Comments

Правилно вежбање – не само појавување во сала

Убаво е доколку си стекнал континуитет да одиш во сала, но тоа самото по себе не значи правилно вежбање. На било кој начин и да избереш да станеш фит и каде и да вежбаш, вежбите што ги правиш не се само за да изгледаш убаво.

Секое движење има цел и активира одреден мускул или група мускули. За да ти биде тренингот поефикасен и да извлечеш максимум од него, без да се повредиш, треба само да следиш правилни техники

Огледалце мое

Гледајте се во огледало кога правите некоја вежба. Проверете дали тежината ви е подеднакво распоредена, а не само на една страна, и наместете се како што треба. На пример, кога правите чучнувања, колената не треба да ги движите многу напред; треба да може да си ги гледате стапалата.

Гледајте и учете

Пред да пробате да правите некоја вежба, важно е да знаете како се прави за да може да ја повторувате точната техника. Најмногу треба да внимавате за време на тренингот со тежина. Телото е изложено на значителен притисок од тежината и затоа е важно внимателно да ја кревате. Ако не користите правилна техника, ќе ги изложите грбот, рамениците и/или колената на непотребен притисок и нема да ги активирате мускулите што ви се цел.

Не кревајте преголема тежина

Не се форсирајте да кревате многу големи тежини. Ако можете да ја кревате/поместувате тежината лесно и брзо и да одржувате добра форма, тогаш веројатно сте одбрале соодветна тежина. Но, ако чувствувате потреба да го задржите здивот, може треба да кревате помала тежина. Усовршете ја техниката на движење пред да додадете поголема тежина.

Не брзајте

Желбата за брз напредок е стапица во која лесно ќе паднете. Запомнете, не мора да значи дека ќе постигнете подобри резултати ако кревате поголеми тежини или ако побрзо ги правите сериите вежби. Форсирајте се за време на тренингот, но слушајте го телото за да знаете кога да го намалите темпото. Обидете се да одржувате ист интензитет во период од неколку недели и кога ќе ви стане лесно, преминете на следното ниво. Ако се исфорсирате премногу во краток период само ќе стекнете лоши навики и неправилна форма.

Следниот пат кога ќе вежбате, одделете време за да анализирате како изгледате и како се чувствувате кога вежбате на вообичаениот тренинг. Вежбањето никогаш не треба да предизвикува болка, па затоа ако чувствувате болка значи дека погрешно правите некоја вежба. Веднаш престанете и поставете го телото правилно. Ако сè уште чувствувате болка, воопшто не ја правете оваа вежба и консултирајте се со тренер. Движењата се дел од нашата природа, па затоа со секое движење треба да се чувствуваме удобно на некој начин. Забавувајте се и извлечете максимум од секој тренинг.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *