fbpx

Како да намалиш воспаление на мускулите после вежбање

0 Comments

4 начини како да намалиш воспаление на мускулите после вежбање

Некој ја сака некој не ја сака болката, но и за двете групи е добро да се знае како да намалиш воспаление на мускулите после физичка активност. Те потсетува дека си направил нешто добро за телото и дека си потрошил калории. Но, понекогаш знае да биде и непријатна — особено ако си почетник. Болката или воспалението во мускулите е честа појава и за луѓето кои имаат редовна физичка активност и особено за луѓето кои ја немаат и се почетници во светот на вежбањето. Постојат неколку докажани методи за побрзо намалување на болката и консолидирање на воспалението:

Cool-Down рутина

Истегнување после вежбање е еден од добро познатите методи за да се намали воспалението и да се релаксираат мускулите. Особено ако се работи за тежински тренинг или функционален тренинг. Тоа не значи дека треба да се протегнеш 1 минута и да одиш. Всушност и најдобриот период за да ја вежбаш и зголемуваш твојата еластичност е после вежбање затоа што телото е најзагреано.

Исто така добра пракса може да ти стане и медитација или јога, затоа што ќе му даде екстра релаксирање и консолидирање на телото и мускулите.

Ролери и тениски топчиња

Во последните неколку години овие методи станаа многу популарни. Ролерите и тениски топчиња се почесто ги користат спортистите и вежбачите. Тоа придонесува и делумно заменува масажа со што се овозможува разбивање на чворовите, подобрување на циркулацијата и доток на кислород и намалување на потенцијалот за болки и воспаление.

Мраз

Масажа или нежни проаѓања по телото со мраз може да бидат бенефит за тебе. Истото може да го направиш и со ладен туш после тренинг. Тоа ќе иницира подобра циркулација и побрз доток на кислород низ телото вклучително и мускулите. Воспалението на мускулите всушност се создава и поради недоволниот капацитет и недостаток на кислород за мускулите при вежбање.

Сауна или парна бања

Спа третманите се најдобредојдени во денови кога немаш вежбање затоа што одењето во сауна веднаш после вежбање можеби и не е најдобриот избор доколку тренингот бил интензивен. Овие спа услуги се добредојдени и помагаат за намалување на воспалителните болки затоа што топло-ладните шокови при користење на сауна повторно придонесуваат за подобра циркулација и доток на кислород.

И се разбира не заборавај на исхрана. Можеш многу повеќе за исхрана да читаш на овој блог.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *