fbpx

Придобивки од вежбање

0 Comments

12-те придобивки од вежбање

Иако веќе знаеш, гледаш и слушаш, сепак денес би сакале да си ја повториш лекцијата “кои се најголемите придобивки од вежбање” :).

1. Здраво срце

За срцето е добро да се има кардиоваскуларна активност. Срцето е мускул и ако по неколку дена во неделата добро го вежбате, ќе ви се зголеми срцевиот минутен волумен. Ако редовно практикувате кардиоваскуларна активност, ќе ја намалите срцевата фреквенција во мирување, а тоа е добро за здравјето на долг рок.

2. Блескава кожа

Кога вежбате го забрзувате протокот на крв во телото. Сјајот по вежбање може да не ви трае цел ден, но веднаш по вежбањето кожата ќе ви биде блескава. Здравиот сјај ќе направи да се чувствувате и да изгледате одлично.

3. Подобро држење на телото

Со редовно вежбање ќе станете свесни за држењето на телото. Како што ќе станувате посамоуверени со телото и свесни за движењатана телото, ќе станувате посигурни за тоа што му треба на телото. Подгрбавеноста може да ви стане само лоша навика од минатото. А како бонус, доброто држење на телото ве прави да изгледате повисоки.

4. Помалку акни и помалку болка

Ако зглобовите ви се здрвени и ве болат затоа што цел ден седите, здрвеноста ќе ја намалите како дел од сите придобивки од вежбање. Најчесто болат зглобовите што се неподвижни. Кога ќе почнете редовно да се движите, ќе го подобрите опсегот на движења и полесно ќе ги правите движењата што ви се дел од секојдневието.

5. Подобра телесна композиција

Кога вежбањето ќе ви стане дел од начинот на живот, ќе почнете да забележувате промени и во вашиот изглед и во тоа како се чувствувате. Ќе го изгубите вишокот масно ткиво и ќе добиете чиста мускулна маса, што е одлично за изгледот, а и телото ќе почне поефикасно да согорува калории. На лице со повисок процент чиста мускулна маса му требаат повеќе калории само за одржување на самата мускулна маса за разлика од лице со иста телесна тежина со повисок процент масно ткиво.

6. Чувствувајте се посреќно

Со физичка активност ќе се чувствувате посреќни во секојдневниот живот. Една од причините за поголемата среќа е тоа што кога сте активни телото ослободува поголема количина ендорфини. Ендорфините се природен хормон на среќа во телото. Посреќни ќе ве прави и тоа што телото добро го негувате.Чувството дека постигнувате нешто честоќе ви буди и чувство на општо задоволство и благосостојба.

7. Регулирајте ја телесната тежина

Вежбањето може да ви помогне да не качите премногу тежина и да ја одржувате тежината откако ќе намалите килограми. Кога вршите физичка активност, согорувате калории. Колку е поинтензивна активноста, толку повеќе калории согорувате.

8. Повеќе енергија

Со редовна физичка активност ќе ја подобрите цврстината на мускулите и ќе станете поиздржливи. Кога вежбате, телото мора да им обезбеди кислород и нутриенти на ткивата за поефикасна работа на кардиоваскуларниот систем. Кога срцето и белите дробови работат поефикасно, имате повеќе енергија да ги вршите секојдневните обврски.

9. Зголемете ја моќта на мозокот

Со редовно вежбање ќе ја подобрите и мозочната функција. Со повеќе студии е покажано дека со кардиоваскуларни вежби може да се создадат нови мозочни клетки (неврогенеза) и општо да се подобрат мозочните функции. Студии покажуваат дека со напорно вежбање во телото може да се зголемат нивоата протеин што потекнува од мозокот (познат како BDNF). Се смета дека BDNF помага во донесувањето одлуки и во учење од повисок степен.

10. Помалку стрес

Вежбањето може да дејствува како привремено одвлекување на вниманието од секојдневниот стрес. Кога вежбате или се забавувате со некаква активност, обично не размислувате за нештата во животот што ви создаваат тешкотии. Одвојте време во брзиот живот што го живеете за да се фокусирате на себе и помалку ќе чувствувате стрес. Помалиот стрес може да ви помогне и да ја намалите тежината затоа што многу луѓе за да се справат со стресот јадат нездрава храна.

11. Запознајте нови луѓе

Вежбањето ви отвора можност за дружење што можеби ви недостига во животот. За некого најдобрата придобивка од вежбање :). Нова активност може да ви помогне да најдете нов круг на пријатели или да биде поздрава можност да ги обновите контактите со старите пријатели.Многу често со пријателите излегуваме на јадење, но за обемот на половината е многу подобро заедно да учествуваме во некоја физичка активност.

12. Подобар сон

Физичката активност, од неколку причини, ви помага и подобро да спиете. Со вежбање ја покачувате телесната температура. Кога телото почнува да се лади за да се врати во нормала, почнувате да се чувствувате опуштени и спремни за спиење. Физичката активност може да ви помогне да го намалите нивото на стрес, па оттука и полесно ќе заспивате навечер.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *