fbpx

Како до време за вежбање

0 Comments

Како да најдеш време и да протнеш вежбање

Кога се работи за тоа како до време за вежбање и како до мотивација да се дигнеш од комфорот на топлиот дом и кауч за да одиш на вежбање потребно е повеќе од “виша сила” :).

немам време” е убедливо најголемиот изговор што постои на земјината топка. Но, затоа што веќе е клише истото почна да еволуира во “во гужва сум и со многу работа” . Реалноста е дека секој од нас може да најде време за вежбање, односно време за себе. Се’ што треба да направиме е да станеме свесни дека изговорите ќе не повредат на долг рок. Жалосно е што повеќето од луѓето имаат време откако ќе дојде ситуација во животот која ќе ги посрамоти или уплаши.

Исклучиво се работи за одбивање на промена, а не за тоа дека нема да ми се допаѓа чувството после вежбање. Или дека нема да најдам омилена дисциплина. Еве 3 совети кои ќе ти помогнат да “протнеш” вежбање во твојота агенда:

Намести го алармот 30 минути порано

Ова звучи многу логично и можеби го имаш пробано, но вториот чекор е многу поважен, а тоа е да одолееш на “snooze” копчето и да станеш. Затоа можеш да направиш неколку трикови. Стави го телефонот подалеку од дофат на раце, спреми си ја облеката за вежбање и облеката која ја планираш за твојот ден уште вечерта пред да одиш на спиење. Договори се со некој твој пријател кој има континуитет во вежбање и вети му дека ќе одите заедно. Веројатно нема да дозволиш да го изиграш неговото време и твоето ветување.

Спакувај го ранецот со опрема и понеси го на работа или школо

Ако можеби не си утрински човек и утринското вежбање не е за тебе, тогаш постои и друг начин како до време за вежбање. Спреми го ранецот со опрема и понеси го со себе за да можеш веднаш после работно време да вежбаш и да не ти се случува моментот на раскомотување и залежување кога ќе стигнеш дома. И овде може да важи договор со пријател или колега што ќе ти даде поголемо обврзување.

Подели го вежбањето на неколку сегменти

Ако наоѓање на 30–40 минути е вистински предизвик за тебе тогаш направи време за вежбање од по 10 минути. Неколку пати во денот направи некои микро вежби со мал, умерен или висок интензитет во зависност од моменталните можности. Доколку си на работа нека биде тоа разодување низ канцеларија и истегнување. Имај помала чаша за вода и полни ја почесто. Понуди им на колегите да им наполниш вода. Понуди се да им помогнеш со тоа што ќе однесеш некој документ од едно до друго биро или канцеларија. Прави чести истегнувања и слично. А ако си дома можеш да одиш и со поинтензивни опции кои ќе ги најдеш на нашиот YouTube канал.

Не постои изговор — постои само сакам или не сакам.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *