fbpx

Фитнес трендови

0 Comments

Искористи ги овие фитнес трендови

Без разлика кои фитнес трендови и да го изберете, не заборавајте дека најдобри здравствени и wellness резултати ќе постигнете со комбинирање на тренинзите со план за урамнотежена исхрана. Поставете си нови цели во однос на вежбањето во иднина и добијте најдобра можна форма.

Комбиниран фитнес

Многу тренери знаат дека за одлични резултати е клучно да се направи добар фитнес план. План во кој ќе бидат опфатени елементи на кардиоваскуларен фитнес, дигање тежина, вежби за издржливост и вежби за флексибилност. Интересно е да се види како фитнес стручњаците ги комбинираат овие елементи во забавни програми. Неодамна во светот се појави пилатес + боксување = пилоксување. Моментално е популарна, а во тука кај нас може да ја најдете во академијата на Вели Мумин. Вкуцај на фиткит апликацијата Piloxing. Сигурно ќе гледаме и најразлични форми и комбинации на јога и велосипедизам на пример :). Или замисли “латино кросфит” :). Како и да се развива понатаму, овој пристап на комбинирање е интересен и сигурно ќе продолжи да еволуира секоја година.

Практичен пристап

Класичните функционални вежби со дигање тежина им помогнаа на многу луѓе да добијат одлична форма изминатава година. Интервалските вежби со висок интензитет (HIIT) се покажани како многу успешни. Особено кај луѓе што водат многу брз живот и на кои најмногу им требаат вежби што се прават со малку опрема или воопшто без опрема. Идејата за едноставни, класични фитнес тренинзи ќе продолжи, бидејќи овие вежби може да се прават речиси секаде и траат кратко.

Трки

Трките, како оние на 5 км., трките со пречки и триатлоните ќе продолжат да привлекуваат нови фитнес ентузијасти. Овие настани сега може да си ги дозволат повеќе луѓе, а за голем дел од настаните бесплатно се формираат и групи за подготовка што ви помагаат да тренирате за следниот настан. Една таква во Скопје е NRC школата за трчање на Кокан Ајановски. Одличен начин да останете посветени и мотивирани да си го подобрите фитнес нивото е да се пријавите за некоја трка.

Онлајн фитнес

Повеќето луѓе немаат време да одат трипати неделно по еден час во фитнес клуб и да вежбаат различна група мускули. Луѓето водат премногу брз живот и немаат трпение да одвојат време за вежбање. Еден просечен вежбач сака да потроши малку од своето време, а поголем дел од неделата да го интензивира вежбањето со вежби со висок интензитет. Луѓето почнуваат да се фокусираат на секојдневни тренинзи во траење од 20–30 минути.

Оттука, користењето технологија и ефикасните онлајн фитнес програми уште повеќе ќе се развиваат. Сè повеќе луѓе ќе ги користат смартфоните за кратки тренинзи за целото тело. YouTube видеата за активно тело се наменети за овој тип вежбачи.

Categories:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *