fbpx

#Вежбам

Епизода 63

Февруари и Март се месеците каде што најмногу луѓе си велат “ќе #Вежбам“. Aко си од оние што не ја сакаат гужвата во салите, тогаш по дома пробај издржи го целиот тренинг што за денес ти го спремија Ивана и Ирина.

Епизода 62

Гледањето на #Вежбам видео не троши калории самото по себе :). Ако си по дома облечи нешто за вежбање и пробај без реквизит, а ако си во сала овие девојки ќе ти спремат се’ што ти треба, а ти одбери си една од трите локации.

Епизода 61

Петок е. Не’ чека многу напорен продолжен викенд :), но ние во #Вежбам серијалот ќе ти го олесниме само доколку одвиш 15 минути во дружба на нашиве хероинки од PowerHouse Pilates.

Епизода 60

Празниците нека бидат само причина повеќе да не го пропуштиш денешното #Вежбам видео заедно со Атанас.

Епизода 59

Ако Недела е ден за одмор, тогаш во Сабота #Вежбам со Елена и Атанас.

Епизода 58

Петочки те испраќаме со #Вежбам домашно. Елена Бубало ќе ти покаже што да направиш во следните 10тина минути, а ти избери дали ќе го завршиш дома или во сала 🙂

Епизода 57

Овој месец мораш да дадеш максимум од себе со оглед дека следува период на мноооогу јадење :). Затоа ако не стигнеш да одиш во PowerHouse Pilates денес, тогаш задолжително пушти го денешното #Вежбам видео и следи ги овие две инспирации Ивана Каратукова и Јована Мицевска.

Епизода 56

Денешното #Вежбам видео ќе биде одговорно за утрешната слатка болка во раце, нозе и стомак :). Следи ги Ивана и Јована, а утре веќе можеш да ни пишеш дали сме биле во право за болката 🙂

Епизода 55

Понеделнички ти препорачуваме да не го напушташ својот дом и да го следиш Атанас во следните 500 секунди соодветно облечен во спортска опрема и најновото #Вежбам видео. Или втората опција да се упатиш кон Ultimatefit Alebras. Среќно! 🙂

Епизода 54

Понеделнички ти посакуваме блескави 17 минути со нашите #Вежбам хероинки 🙂

Епизода 52

Ако за викенд твојата глава размислува “не знам дали да #вежбам” ние имаме опција да ти го скратиме времето за одлука. Марија и Елена ти спремија 15 минути, затоа стави екран пред себе, земи шише вода, облечи спортска облека и кажи ни како ти се допадна.

Многу повеќе содржина и совети можеш да најдеш на нашиот YouTube канал