fbpx

Стани FitKit локација

FitKit App – Стани FitKit локација и отвори ги вратите за нови членови

Стани fitkit локација и отвори ги вратите на твоето студио, центар или спа.

Фиткит е мобилна апликација што им овозможува на корисниците со 1 чланарина да користат различни активности и/или спа услуги. Вашата локација треба да биде дел од семејството. Фиткит на еден начин е листа на активности и услуги за активен и здрав живот. Тоа е одлична можност да бидете видени и лоцирани од нашите корисници и членови.

Ние сме всушност посредувачот (middleman) помеѓу луѓето и давателите на услуги. Факт е дека се повеќе луѓе сакаат да прават комбинации од јога и фитнес, или фитнес и пливање, или функционален тренинг и масажа/спа итн.

Во денешно време се’ повеќе луѓе имаат непредвидливо работно време. Затоа ова решение е идеално за да донесе флексибилност во времето кое што сакаме да го одвоиме за вежбање.

Придобивките за вашата локација се следните:

  • Посети на публика што до сега немала континуитет да ве посетува
  • Видливост на единствената мапа – збир од затворени центри и отворени паркови за рекреација
  • Нови потенцијални купувачи на суплементи, реквизити и пијалоци.
  • Потенцијална бесплатна реклама од сликите за социјалните мрежи на посетителите преку фиткит.
  • Промоција и маркетинг активности*
  • Дополнителен приход од посетите кои што ќе се реализираат преку ФитКит апликацијата**
  • Да се подполнат групите или термините во кои што има помалку посетеност или пак не е максимално искористена.

надополни кредитиАпликацијата може да се симне од PlayStore или AppStore. Ние на корисниците им продаваме кредити и тие кредити кои што може да се купат со картичка за интернет плаќања корисникот ги користи на различни локации или за различни активности во рок од 30 дена.

избери активностОткако корисникот ќе ја избере активноста/локацијата на која што сака да присуствува може да ги разгледа различните термини. Во позадина на ваше барање можеме да ставиме ограничување и максимален број на посетители во одреден дел од денот или за одреден термин.

избери ден и терминСо тоа ќе бидете сигурни дека нема да се наруши комфорноста и атмосферата во центарот и нема да се доведе во прашање задоволството на лојалните членови. Секој термин и во секој различен ден може да се ставаат различни ограничувања и истите да трпат промена во било кое време со цел да бидете заштитени од евентуална можност за препосетеност.

код за влезОткако корисникот ќе го избере терминот и истиот не е веќе исполнет, ќе може да кликне и да направи закажување на тренинг/термин. Во тој момент апликацијата ќе генерира единствен код кој што е должен да ви го покаже на влез. Покрај кодот пишува за кој ден и време се однесува оваа резервација и покажува име и презиме од посетителот. Кодот и името на посетителот се информации кои треба да си ги запишувате и евидентирате, затоа што ќе ви бидат потребни кога ќе треба да си ги наплатите посетите од нас.

Стани fitkit локација и нашите гаранции се

  • ќе ви носиме добра и урбана публика
  • редовно плаќање на посетите остварени преку апликацијата
  • навремено реагирање на сите промени кои ќе ги побарате од нас
  • спремни да слушнеме и разговараме за било какви дополнителни и специфични барања и предлози

*Моделите на соработка, цените кои што ќе ви ги плаќаме по посета и можностите за маркетинг и промоција може да ви ги доставиме доколку не’ исконтактирате преку некои од каналите за контакт на социјалните мрежи, email или на телефонските броеви 078/205 879 и 070/247 774.