fbpx

FAQ’s

FAQ’s – најпоставувани прашања

Дали неискористените кредити ми се префрлаат во следниот месец?

Кредитите се со важност од 30 денови. После завршувањето на тој рок се бришат од профилот без разлика дали има неискористени кредити.*

Како да знам колку кредити чини одредена активност или локација?

Врз самата слика на активноста или локацијата стои жолто кругче со бројка во него. Бројката е всушност вредноста на кредитите која што ќе биде одземена од профилот со закажување на термин.

Дали можам сите кредити да ги искористам само на една локација или активност?

Доколку не е наведено во описот и истото не го бара давателот на услугата, тогаш нема ограничувања за искористувањето на кредитите.

Апликацијата направи неколку резервации и ми изгенерира повеќе од еден код. Како може да ми се вратат кредити?

Веројатно постоел прекин во интернет врската и неколку пати сте кликнале на “Закажи”. Искомуницирајте не’ преку емаил, телефонски или на социјалните мрежи ќе ви бидат сторнирани кредитите и кодовите.

Дали постои можност да откажам или преместам термин и да ми се вратат кредитите?

Доколку постои оддржлива причини, тогаш да. Искомуницирајте не’ преку емаил, телефонски или на социјалните мрежи ќе ви бидат сторнирани кредитите и кодовите.

Можам ли да откажам веќе закажан тренинг/термин?

Сеуште нема таква опција апликацијата. Но, доколку денот и времето за одржување на закажаниот тренинг или термин не се поминати можеме да излеземе во пресрет. Искомуницирајте не’ преку емаил, телефонски или на социјалните мрежи ќе ви бидат сторнирани кредитите и кодовите.

Зошто не можам да ја ресетирам лозинката?

Доколку не гледаш потврден емаил со линк за ресетирање на лозинката направи ги следните проверки: Прво провери дали постои печатна грешка во емаил адресата. Втор чекор е да провериш во spam или стави го fitkit.mk домеинот на “trusted” доколку се работи за компанија преку која што добиваш кредити и повторно кликни да ја ресетираш лозинката. Доколку ниеден од овие  чекори не помага, искомуницирај не’.

Дали може да дадам ваш контакт на студио или центар со кои немате соработка, а ми одговараат да ги користам преку апликацијата?

Се разбира дека да! 🙂