fbpx

FitKit во твојата компанија

Какви се бенефитите доколку го имаш FitKit во твојата компанија

Би сакале да ја видиме fitkit во твојата компанија. Ние сме македонска мобилна апликација која е присутна на пазарот од 1ви Јуни 2017 год. Овозможува со 1 чланарина да се користат повеќе од 100 различни активности за спорт и рекреација на повеќе од 100+ локации во 13 градови ни земјата.
Апликацијата нуди бенефит за вработените во однос на спорт, рекреација и здравје. На компанијата и носи олеснување затоа што овозможува различност на услугите и локациите за своите вработени. Предност исто така е што ќе добивате само 1 фактура без разлика колку локации односно услуги се’ користеле во тековниот месец.
Уште еден голем бенефит за вашата компанија е тоа што ќе добиете можност да ги плаќате исклучиво реализираните посети. Тоа значително ќе ги намали трошоците споредено со просeчните пазарни цени кои што ги плаќа клиентот. За конкурентноста на цените говори и фактот што веќе неколку компании ја препознаваат можноста и ги користат нашите услуги. Тоа се  Allocate Software, Musala Soft, Matrix-Global, TabTale, Singular, PolarCape, Sorsix, Cytrox, Sparkasse Bank, KPMG, Magnetik Group, Axeltra, ITLabs, Armedia, Kinetique, Livedooh, Facility Management Services.

Додадена вредност

Како додадена вредност на идна наша соработка ќе ви понудиме и ќе организираме работилници за вработените. Ќе зборуваме на теми, ефикасност на работно место, организација на исхрана и оброци, општо за добресостојба, добар метаболизам и долгорочно добро здравје и енергија. Слични работилници до сега направивме во Allocate SoftwareTabTale и It-Labs

Работиме доста напорно на новини и ажурирања на апликацијата. Стоиме отворени за ваши предлози и адаптирања што ќе се прилагодат на вашата компанија. Доколку имате било какви прашања, барања за цени/модели и забелешки можеме да ги разговараме во телефонска комуникација или на средба. Контакт информациите ќе ги најдете овде.

Во прилог ви го оставаме и линкот до фан страната на апликацијата.

На Play Store или AppStore може да ја преземете и да видите како функционира во пракса.