fbpx

FitKit Чланарини и опции

FitKit чланарини и опции – што ти нуди оваа мобилна апликација

Вежбај фитнес, јога, пилатес… на 100+ локации со нашите fitkit чланарини и опции. Без разлика дали си од оние дисиплинираните, кои веќе редовно вежбаат или си од оние кои сè уште се во потрага по вистинската мотивација – FitKit има нешто да ти понуди.

Пример, ако ти здосадило да вежбаш на истото место секој ден и сакаш да „се испробаш“ во нешто ново, тоа многу едноставно можеш да го направиш со апликацијата. FitKit нуди повеќе од 100+ различни места за вежбање, од кои буквално можеш секој ден да одиш на различно – јога, пливање, фитнес, пилатес… па дури и да се почестиш со спа или со приватен тренер.

Чекор 1: Преземи ја бесплатната FitKit апликација од App Store или Google Play

Апликацијата е бесплатна за преземање и достапна за Apple и за Android.

преземи ја фиткит

Чекор 2: Купи кредити

Отвори го твојот „профил“ и купи ја количината на кредит која мислиш дека ти е потребна. Твоите fitkit чланарини и опции се следни:

2 кредити за 160 денари
15 кредити за 1000 денари
30 кредити за 1800 денари

Колку кредити да купиш? Ако ти е прв пат на FitKit, ние би ти препорачале да почнеш со купување на 15 кредити. Повеќето тренинзи ќе те чинат по 1-3 кредити, што значи дека со вкупно 15 ќе можеш да испробаш неколку различни вежбања, пред да одлучиш дали ќе продолжиш посериозно.

За кредитите плаќаш веднаш, на самата апликација, со твојата кредитна картичка. Не се плаши – плаќањето на FitKit е едно од поедноставните кои сме ги виделе во Македонија досега.

надополни кредити

Чекор 3: Закажи тренинг

Апликацијата нуди избор од повеќе од 100+ сали за вежбање во 13 различни градови. Во зависност од расположението, за твојот тренинг можеш да избереш различен тип на вежбање – од класичен фитнес, па сè до пилатес и пливање.

Жолтиот број во горниот десен агол укажува на тоа колку кредити ти се потребни за да вежбаш во селектираната сала.

Откако ќе ја избереш активноста, апликацијата ќе ти покаже листа на достапни тренинзи. Во овој момент ќе можеш да избереш време и дата и да кликнеш „Закажи тренинг“.

избери активност

Чекор 4: Припреми се за твојот тренинг

✔ Помини 20 минути во бирање на соодветна комбинација на облека за вежбање. Убаво осигурај се дека шишето за вода ти одговара со чорапите.

✔ Вежбај пред огледало како најдобро изгледаш кога го носиш душекот за јога. На лево рамо, на десно рамо? Лабаво во рака?

✔ Изеди една банана.

Чекор 5: Чекирај се и почни со вежбање

Кога ќе пристигнеш во салата за вежбање, сè што треба да направиш е на влез да го покажеш кодот на твојот телефон.

код за влез